Прашање 51

Според правилата за првенство на минување на крстосницата, во дадените полиња впиши ги броевите на возилата според редоследот на нивно минување: (Одговорот се внесува во формат, на пример: 123, 231, 132 итн.)
- 132Точен одговор
Објаснување
Возилата минуваат по редоследот 1, 3, 2.
На крстосницата нема знаци. Трамвајот има првенство на минување пред другите возила, без оглед на тоа од која страна доаѓа, па минува прв. Полициското возило нема вклучени ротирачки светла, па за него важат обичните правила: свртува лево и мора да го пропушти возилото со број 3, кое доаѓа од спротивната насока и продолжува право. Затоа полициското возило минува последно.























